Loading Video...
Кошарка
13. January 2019 - 15:01

Оклахома му се реваншира на Сан Антонио, неочекувани порази на Денвер и Бостон

Екипата на Оклахома му се реваншира на Сан Антонио за поразот од пред два дена кога „Спарси“ свалеа пред домашната публика по две продолженија. Само 24 часа подоцна, но сега во Оклахома Сити, популарните „Тандерси“ забележаа триумф со 10 разлика 122-112. Решавачки беше третиот период кој домаќините го добија со 35-20. 
 
Расел Вестрбрук со дабл-даб со 24 поени и 10 скокови, надополнети со 7 асистенции беше најзаслужен за оваа победа на Оклахома, во која придонес има и Денис Шредер со 19 поени, како и Пол Џорџ кој средбата ја заврши со 18 поени и 11 скокови. Прв стрелец кај гостите од Сан Антонио, беше Италијанецот, Марко Белинели со 24 поени. 
 
Изненадување направија Феникс и Орландо. „Санси“пред своите симпатизери го совлада лидерот на табелата во Западната конференција Денвер со 102-93, додека Орландо беше подобар од Бостон со 105-103.  
 
И на останатите три средби победи остварија домаќините и тоа, Минесота над  Њу Орлеанс со 110-106, Сакраменто во дуелот против Шарлот со 104-97, а Јута со 110-102 го победи Чикаго.