Loading Video...
Кошарка
10. April 2018 - 9:44

Оклахома и Сан Антонио обезбедија плејоф за кој Минeсота и Денвер меѓусебно ќе решаваат

Екипите на Оклахома и Сан Антониот обезбедија пласман во плејофот на НБА лигата. 

„Тандерс“ предводена од  Расел Вестбрук кој повторно оствари трипл-дабл со 23 поени, 13 асистенции и 18 скока го совладаа Мајами на гостински терен со 115-93, додека Сан Антонио тоа го стори со победата над Сакраменто со 98-85. 
 
За разигрувањето остана само уште едно празно место и тоа во Западната конференција, за кое ќе се борат Денвер и Минесота, тимови кои ноќеска забележаа победи пред своите симпатизери и тоа Денвер беше подобар од Портланд со 88:82, а Минесота го совлада Мемфис со 113:94. 
За неизвесноста да биде уште поголемо, придонесува и распоредот, во кој е предвиден Минесота и Денвер ќе играат меѓусебно на последниот дел од регуларниот дел од сезоната.