ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода со хуманитарна помош за семејството Христови од Припор
По објавувањето на сторијата од страна на телевизија Сител, за тешката состојба на семејството Христови од Припор, претседателот на Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ги посети при што им беа донирани прехрамбени продукти и средства за лична хигиена.
- Семејството е во тешка состојба и затоа веднаш по објавувањето на веста, ние ја спроведувме оваа хуманитарна акција, а за во наредниот период ќе направиме напори да им обезбедиме и дрва за огрев со оглед на тоа што станува збор за самохран родител со две малолетни деца и една 70 годишната баба која е изнемоштена и едвај подвижна, истакна Ѓорѓиевски.
Инаку Општинскиот комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ за време на новогодишните и божиќните празници, донираше храна, облека, лекови, огревно дрво и средства за лична хигиена во 30-тина семејства со зголемен социјален ризик.
Ново на Сител
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите