ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар: Саша Богдановиќ со плата од 2.000 евра, а заменикот 1.500 евра
Директорот на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ секој месец си земал плата од 2 илјади евра, зголемена со додатоци, а неговиот заменик и одговорен за финансиско работење Андрески Вангел по 1,500 евра. Двајцата за една година, само за две плати зголемени со дадотоци од ограничениот буџет би земеле неверојатни 42 илјади евра, објави општинскиот комитет на ВМРО ДМПНЕ Центар. Според нив, се работи за неверојтно распишништво на штета на граѓаните на Центар.
Додека тие земаат високи плати, центарци се гушат во смет, неасфалтирани улици, проблеми со фекланата и водоводна мреаж и супствандардни услови за живот. На ова реагираше директорот на ПОЦ , кој бара извинување или се заканува за соодветна пријава.
Вели дека сумата како плата што е наведена е груба манипулација, бидејќи неговата плата е далеку пониска од наведената. Износот на примањата на директорот, како и на сите вработени во јавното претпријатие, е утврдена со Правилник за плати, се вели во соопштението на Богдановиќ.
Инаку, според анализата на општинскиот комитет ПОЦ станале партиско дувло, каде владее непотизам и беззаконие. Само за две години Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ во Паркизни Центар вработиле 67 лица по париско роднинаска реализација.
Саша го поставил својот кумашин Димитриевиќ за раководител, бившиот советник на СДСМ Цветановски – одговорен за внатрешна контрола, ќерката на актуелниот советник на СДСМ во Центар Георгиевски и фамилијата на Дејан Тодоровски, познат по сканадалот кога во кафеани плаќал со општински пари.. Тој си го вработил братот и сестрата на сопругата.
Во “ПОЦ“ се вработил и Никола Савовски - кандидант за советник на листата на СДСМ, а неговиот татко, е раководител на сектор во општината, како и поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, запаметен како директор на Македонски шуми, осомничен за проневера на 2 милиони евра.
Градоначаланикт на општина Центар пак, Жерновски ова лето донел решение да го унапреди општинскиот хаусмајстор за 10 скалила понапред, односно во раководител. Од општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ порачуваат дека расипништвото е одлука на СДСМ.
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, со неговиот кумашин е познат по сканадлот дека во кафеани потрошиле сума од 100 илјади евра, Шеќеринска по луксузирањето, летување на јахта на Егејско море и огромениот недвижен имот, како и лидерот на пратијата Заев чија фамилја има триспратна куќа на Халкидики.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар