ОЈО Струга оформи предмет за заменик министерот за здравство
Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет во врска со објавената снимка со заменик министерот за здравство Асим Муса и постапува во насока на утврдување на фактите.
Од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство велат дека заминик министерот ќе биде повикан да даде исказ.
-Преку меѓународна правна помош од Република Албанија ќе биде побарано да се обезбеди оригиналот на објавената снимка, како и да се утврди кој го снимил и кој го објавил видеото. Дополнително, во Основното јавно обвинителство Струга ќе биде повикан да даде исказ и заменик министерот за здравство. Во текот на предистражната постапка, доколку се покаже дека е потребно, ќе бидат преземени и други дејствија со цел да се утврди евентуална кривична одговорност, информираат од Служба за односи со јавноста во Јавното обвинителство.
Заменик министерот за здравство денеска објави дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.
– Нема да дозволам овие цели 23 години инвестиции во професионалноста и во фамилијарниот кредибилитет да биде нарушен на ваква намерна стапица, со лажни наслови кои не се реални како што може да се види и на самата видео-снимка, рече заменик-министерот за здравство.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот