ОЈО Скопје поведе постапка против три лица за нападот на полицајци во Шуто Оризари
- Настанот се случил откако полицајците кои вршејќи ја службата, заради зголемена фреквенција на возила, повикале пајак служба. При подигање на едно од непрописно паркираните возила, сопственикот на возилото се упатил кон полицајците и започнал вербална расправија. Потоа влегол во возилото и го придвижил нанапред удирајќи во полицајците. Откако и по вторпат со возилото удрил во полицајците, осомничениот бил изваден од возилото од страна на полициските сили. Во нападот кој бил извршен се вклучиле уште две лица, во блиски роднински врски со возачот на автомобилот. При обидот на полицијата да го спречи нападот, на местото се собрале 30 - 40 лица и започнале вербален, но и физички напад кон полициските структури. Во инцидентот беа повредени неколку лица, меѓу кои шестмина полициски службеници, стои во соопштението од Обвинителството.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител за трите лица против кои е поведена постапка предложи определување мерка притвор. По ваквиот предлог се произнесе надлежен суд, кој на тројцата им определи мерки на обезбедување.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите