ОЈО Скопје отвори истрага за убиство за пукањето во Ченто
Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за убиство против лицето кое завчера пукаше од автоматска пушка кон Ј.Б. кој се здоби со тешки телесни повреди.
Настанот, како што соопшти Основното јавно обвинителство - Скопје, за кој се гони лицето се случил на 24 септември 2018 година, околу 00:05 часот, на крстосницата меѓу ул. „Дурмиторска” и ул. „Алија Авдовиќ” во Скопје кога осомничениот со употреба на огнено оружје – автоматска пушка испукал повеќе пати кон оштетениот Ј.Б., кој во тој момент управувал со патничко моторно возило Мерцедес, при што му нанел тешки телесни повреди.
По настанот, оштетениот најпрвин бил однесен на Универзитетската клиника за хируршки болести „Наум Охридски”, а подоцна, поради сериозноста на повредите, со возило на итна медицинска помош е префрлен на КАРИЛ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас