ОЈО Скопје отвори истрага против скопјанец за недозволено поседување оружје и марихуана
Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Како што соопшти Обвинителството, на 4 октомври во домот во кој престојувало лицето бил пронајден еден пиштол Застава М88, една рамка со осум куршуми за тој пиштол, една кутија со 25 куршуми од непозната марка и калибар, 17 куршуми долго зрно од непозната марка и калибар, една празна рамка за пиштол, како и еден ловен карабин марка „Црвена застава“. Дополнително, при претресот било утврдено дека осомничениот во домот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со нето маса од 24,54 грама, како и исушени искршени гранчиња од марихуана со нето маса од 24,32 грама.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор
Ново на Сител
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите