ОЈО Скопје: Истрага против три лица за насилство во ресторан во „Беверли Хилс“
Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вчера во угостителски објект во Скопје извршиле кривично дело – насилство.
Како што информираат од Обвинителство, осомничените како гости во угостителскиот објект лоциран во трговскиот центар „Беверли Хилс“, делувајќи во состав на група, извршиле грубо насилство врз сопственикот на локалот, а кај присутните други гости и вработени предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.
-Двајца од осомничените биле незадоволни од третманот и услугата и започнале вербална расправија со оштетениот, инсистирајќи во локалот да им биде пуштена одредена музика по нивна желба. Сопственикот одбил со образложение дека работното време на објектот е истечено и мора да го затвори. По ова, осомничените му се заканиле и започнале да кршат шишиња и чаши, а откако им било наложено да го напуштат објектот, физички го нападнале сопственикот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Кон тепачката се приклучило и третото осомничено лице, кое дополнително влегло во објектот, па замавнувајќи со дрвена дршка од метла повеќепати го удрил оштетениот. Од нанесените удари, сопственикот на угостителскиот објект се здобил со тешки телесни повреди – повеќе набиеници и една скршеница во пределот на главата, по што успеал да се оттргне и засолни во кујната на локалот, се наведува во соопштението од Обвинителството.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничените лица им определи мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација