ОЈО: Поведена постапка за разбојништвото во банка во Крушево
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Крушево за извршено разбојништво во експозитура на „Уни Банка“ во Крушево.
– Осомничениот на 19.08.2020 година околу 15:00 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во експозитурата на „Уни Банка“ во Крушево каде го извршил кривичното дело. Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000,00 денари, се вели во соопштението од ОЈО.
Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, што Судот го прифатил и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење до 30 дена.
Лицето се товари дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари