Македонија
13. February 2017 - 19:07

ОЈО отвори истрага за изборни нерегуларности

СДСМ и Зоран Заев под истага на Основното јавно обвинителство за незаконско финансирање на изборната кампања. Во нивното денешно соопштение не се откриваат детали за која политичка партија е покрената постапка, но извори од истрагата откриваат дека се истражува финансирањето на изборната кампања на СДСМ, а осомничени се партијата како правно лице, нивниот претседател Зоран Заев, одговорниот за спроведување на кампањата и неколку други лица. Истите извори откриваат дека случајот е отворен уште во октомври минатата година, а се однесува на изборите кои се одржаа на 11 декември.

Во соопштението од Јавното обвинителство се вели дека истрагата е обемна, превземени се претходни дејствија, побарана и прибавена е материјална документација и релевантни писемни докази. Од почетокот на постапката сослушани се повеќе од 70 лице во својство на сведоци, но во просториите на Јавното обвинителство досега не се повикани осомничените.

 Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи, велат во соопштението.

Подетални информации за овој предмет од Основното обвинителство најавуваат во моментот кога ќе се стекнат со законски услови, за да не ја нарушат тајноста на предистражната постапка.

Спенд ап: Ова не е прва истрага на Основното јавно обвинителство за изборни нерегуларности. Постапка за нелегално финансирање на изборна кампања во 2011-та беше покрената и против лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски, кој беше приведен ден по одржаните избори. Поради бројните докази со кои располагаше Обвинителството, Бошковски за овој случај издржува 7-годишна затворска казна.

За парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември, Основнот јавно обвинителство има отворено 68 предмети под сомнение за сторени евентуални изборни нерегуларности.