ОЈО: Ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски
– Откако од Министерството за внатрешни работи беше утврдено дека обвинетиот ја нарушил мерката куќен притвор, надлежниот јавен обвинител беше усно известен. МВР од него доби задолжение писмено да биде известен Судот, со оглед на тоа што, согласно Законот за кривична постапка, во оваа фаза Судот е надлежен за следење на мерките за обезбедување на присуството. Доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази кои би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност, Обвинителството би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на обвинетиот, посочуваат во соопштението од Обвинителството.
Инаку, во овој предмет, пет лица и натаму се во притвор до правосилност на пресудата, а уште едно лице е во куќен притвор, кој исто така беше променет пред објавата на пресудата. И во овој случај станува збор за обвинет со сериозна здравствена состојба, кој на 06.06.2018 година, за време на главната расправа, падна во бессознание и од страна на итната медицинска помош му беше измерен висок крвен притисок кој надминувал 240/190 mmHg.
Во целиот тек на постапката, од замената на мерката притвор во куќен притвор до донесување и објава на пресудата, до надлежниот јавен обвинител не беа доставени никакви податоци или информации за евентуално бегство на обвинетиот по кого сега е распишана потерница, ниту такви податоци постојат за другиот обвинет кој се наоѓа во куќен притвор.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево