ОЈО Гостивар проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче е поврзано со секта
Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за смртта.
Како што соопшти Јавното овинителство, веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место и издал наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта.
Во насока на проверка на овие индиции, јавниот обвинител дополнително издал наредба за токсиколошки испитувања и за анализа на биолошки материјал, како и наредба за вештачење на телефонот и на комуникацијата преку социјални мрежи на починатото лице.
Дополнително, Основното јавно обвинителство Гостивар побара од МВР да изврши проверки и споредба со евентуално слични случаи во државата или надвор од неа, како и да изврши разговори со семејството, пријателите и соучениците на починатата девојка, како и со наставниот кадар во училиштето.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто