Македонија
29. December 2016 - 17:27

ОЈО го истражува опожарувањето на автомобилот

Основното јавно обвинителство го истражува опожарувањето на автомобилот што се случи на завчера, кога осомничениот со намера, употребувајќи запалива материја, запали возило „Голф 6“, сопственост на жител на Куманово.
 
- Според првичните сознанија, причина за стореното дело биле влошени меѓучовечки односи кои траеле неколку години, а почнале кога осомниченото лице било студент на факултет, а сопственикот на возилото е професор. Од пожарот со кој е предизвикана значителна опасност, било зафатено и друго возило, Пежо 206, се наведува во соопштението од Обвинителството.
 
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место и издаде потребни насоки за расветлување на настанот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до Основниот суд Куманово против осомничениот е поднесен предлог за изрекување мерка на претпазливост - одземање патна исправа.