-->
-->
ОЈО: Едно лице под истрага за обид за убиство
-->
Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – убиство.
-Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото, соопшти Јавното обвинителство.
Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети сите законски основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер