-->
-->
ОЈО Битола го заврши увидот во тешката сообраќајка каде загина 24 годишен битолчанец
-->
Основното јавно обвинителство-Битола информира дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.
Според првичните наоди при увидот, до несреќата на патот Прилеп-Ресен дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки.
- Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил. Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење.
Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, соопштија од ОЈО-Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора