Спорт плус
13. August 2016 - 11:09

OИ 2016: Американките по пет Олимпијади ќе останат без медал на фудбалскиот турнир

 
 Познати се четирите репрезентации кои ќе играат во полуфиналето на ќенскиот олимписки фудбалски турниер во Рио. 
 
Жеснките фудбалски селекции на: Шведска, Германија, Бразил и Канада ќе се борат за медалите на Олимпојадата. 
 
Во четвртфиналните натпревари, Шведска направи големо изненадување со елиминацијата на репрезентацијата на САД и тоа по подоброто изведување на пенали со 4:3 откако регуларниот дел заврши нерешено 1:1. Американките на последните пет Олимпијади постојано играа во финалето, а злато освојуваат во Лондон 2012, Пекинг 2008, Атина 2004 и Атланта 1996, додека во Синдеј 2000 ја освоија среброто. Сега Американките остануваат без медал. 
 
Победа на пенали оствари и домашната селекција на Бразил која со 7-6 ја совлада Австралика, откако во 120-минути игра немаше голови. 
 
Минимални победи од 1:0 остварија Германија над Кина и Канада во дуелот со Франција.  
 
Двојките за полуфиналето се: Шведска – Бразил и Германија – Канада.