Македонија
12. November 2015 - 19:53

Охриѓани за 2,5 години ќе добијат нов затворен базен

За 2,5 години охриѓани ќе добијат базен од затворен тип.Спортскиот центар Биљанини Извори ќе го смени својот лик. Ќе  се изгради и опреми пливачки коплекс со два базени, трибина со капацитет за 500 седишта, фитнес клуб, спа и велнес центри, продавница за спортска опрема, комерцијален и административен просторигортека, пинг понг простор.  Конечно децениското барање на жителите од најголемиот пливачки центар ќе стане реалност.Сопртистите но и рекративците ќе можат да го користат и во текот на зимата а од него се очекува да излезат врвни ватерполисти и пливачки имиња. Денеска беше поставен камен темелникот на затворениот базаен , ќе се гарди по стандарди и технологија која досега не е применета. За него  владата одвои околу 5 милиони евра.
 
- Изградбата на затворениот базен во Охрид е едно од децениските барања на жителите на Охрид кое низ годините беше тема на разни политички манипулации и шпекулации. Многумина ветуваа, многумина ќе го градеа овој базен, но реалноста е таа. Нашиот најголем град кој излегува на Охридското Езеро, градот со огромен број пливачи и љубители на водните спортови никогаш во минатото не добил затворен пливачки базен. Таквата реалност конечно се менува. Ние ветивме и за разлика од другите не заборавивме на ветеното. Зборот си е збор и ние држиме до зборот. По тоа сме и препознатливи кај народот, истакна премиерот Никола Груевски 
 
Изградбата на затворениот базен  е само уште едно остварување на ветувањата кои премиерот ги даде пред граѓаните.
 
Во изминатиов период во Охридско инвестирани се над 2 милиони евра за изградба на спортски објекти . Според премерот поддршката за поквалитетен живот продолжува, Се инвестира и на полето на туризмот, културата, образованието, инфраструктурата.  ,