Македонија
22. May 2019 - 16:25

Охриѓани не се изненадени од препораката на УНЕСКО

Охрид се најде во предворјето на местата кои што се пред губење на заштитата од Унеско.Експертите велат дека ваквата одлука градот да биде ставен на листата на загрозено природно и културно налседство е резултат на сите оние промени кои што се случија изминативе 20 години како во урбанизмот така и во уништувањето на природата,додавајќи  дека Охрид доколку го изгуби статусот под заштита на Унеско ке ги изгуби сите добри промотивни позиции кои ги има како најатрактивна езерска дестинација во овој дел од Балканот и регионот .

За да не се доведеме во состојба како Котор или пак стариот дел на Виена кои од истите причини се ставени на листата на загрозени подрачја според Зороски треба да се превземат конкретни мерки од страна на надлежните да се имплементира законот на терен и да се зајакне градежната инспекција.

Граѓаните велат очекувано е загрозен статусот на градот под капата на Унеско со оглед на секојдневното урбано дивеење.

Од локалната пак велат дека Општина Охрид, во текот на изминатите две години сериозно е посветена  на исполнување на барањата на УНЕСКО,додавајќи дека во   тек е постапката за донесување на Планот за управуавње со природното и културното наследство на Охридскиот регион, а во понеделник ќе се одржи Информативна сесија за Нацрт-извештајот за Стратегиската оцена на влијанието на животната средина од спроведувањето на овој план.