Македонија
14. March 2019 - 16:42

Охриѓани најавуваат протести ако државата не го реши проблемот со џамијата

Здружението Совест најави масовен протест и ѓраѓанска непослушност доколку надлежните институции до понеделник не излезат со свој став и стават крај на незаконското градење на Али пашината џамија.

Тие велат дека немаат  ништо против реставрацијата и заштитата на споменичното добро, но се против израдбата на минарето кое се планира да биде високо 32 метри .

И покрај последното решение од Управата за заштита на културното наследство со кое се бара запирање на работите ,Али пашината џамија се гради.

И додека надлежните си ја прфрлат вината еден на друг од Совест бараат да се стопира незаконското градење на минарето кое според нив ќе ја промени визурата на градот.