Македонија
31. July 2018 - 16:30

Охриѓани бараат мораториум за градбите на брегот од езерото

Граѓанските активисти за заштита на охридското крајбрежје денеска преку протестен перфоманс гласно и на повеќе светски јазици  со транспаренти под насов Бетонот смрт за туризмот,Урбанизација без канализација ,Мора мораториум ги повикаат надлежните во одбрана на автентичното природно, културно и амбиентално богатство на Охрид.Тие потенцираа дека се уништува крајбрежјето и езерото за развивање на масовен туризам а иста е сликата и во градот каде моментално се градат над 300 станбени обејкти.

Граѓаните револтирани велат дека со непланската урбанизација се обезличува градот.

Граѓанските здруженија Охрид SOS и „Стар Лагадин“поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. бараат да престане префрлувањето на одговорноста меѓу државната и локалната власт и итно да се преземат  сите потребни чекори за целосно спроведување на препорака на мисија на УНЕСКО – прогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации на пoдрачјетo на Светскoтo наследствo, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи.