Македонија
15. January 2021 - 17:46

Oхриѓанец во неговиот дом организирал семејна веселба со 20 гости

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.К.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 21.11.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека организирал семејна веселба со присуство на 20 гости.

Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот ковид-19.