Македонија
20. August 2016 - 13:35

Охриѓанец тепал девојка, па со нож ранил Американец

На 20.08.2016 година околу 04:00 часот во Охрид, на бул.„Македонски Просветители“, спроти казиното, се случил инцидент.
 
А. Д. (1992) од Охрид, со нож му нанел телесна повреда на Ј. М. (1991) од САД кој се обидел да помогне на девојка која А.Д. физички ја нападнал.
 
Потоа истиот извадил нож и го повредил Ј.М.
 
А.Д. е пронајден и приведен во СВР-Охрид за понатамошна постапка.