Македонија
23. September 2022 - 16:34

Охриѓанец се обидел да проголта пакување со дрога при полициска контрола

Охриѓанец се обидел да проголта пакување со дрога при полициска контрола.

- На 22.09.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР го лишиле од слобода В.Ш.(30) од Охрид. Претходно, тој бил забележан во патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки на ул.„Сатеска“ во Охрид и при извршена контрола се обидел да проголта пакување со бела прашкаста материја, која му била одземена, соопшти МВР. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.