Македонија
27. May 2019 - 14:31

Охриѓанец пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект

Синоќа, околу 02:00 часот по полноќ, во Полициската станица во Охрид, 46-годишниот Т.Т. од Охрид, пријавил дека бил физички нападнат од страна на лицето Ј.С.
 
– Според пријавата, нападот се случил во угостителски објект од Охрид, сопственост на Ј.С. Полициската станица од Охрид презема мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.