Охриѓанец измамен за 1000 евра, еве на која финта наседнал
Две лица засега непознати за полицијата вчера извршиле кривично дело „измама“ во Охрид. Двете лица на возраст од педесетина години вчера околу 10:30 часот на улицата „7 Ноември“ пресретнале жител на Охрид и од кој успеале да одземат илјада евра.
Според соопштението од СВР Охрид, откако започнал разговор со оштетениот едното од двете лица му рекол дека другиот човек е државјанин на Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Притоа тој од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата, нудејќи му во залог рачен часовник за кој рекол дека е со вредност од четири илјади евра.
Верувајќи во кажаното и со желба да му се помогне на странецот, охриѓанецот му дал илјада евра со очекување дека откако ќе ја платат оштетата, двајцата ќе се вратат и ќе му го вратат заемот.
По примената пријава од оштетениот, СВР - Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Притоа до граѓаните на Охрид се апелира да внимаваат во разговори со непознати, да не наседнуваат на вакви изговори и евентуалните слични настани веднаш да ги пријават во полициска станица или на полицискиот број 192.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот