Македонија
22. January 2020 - 22:20

Охридското Езеро повторно остана без концесионер

Охридското Езеро повторно остана без концесионер.

Поради неисполнување на одредени законски обврски Владата го раскина договорот со концесионерот Летница Белвица.

Државниот инспекторат за земјоделство и агенцијата за храна и ветеринарство при извршениот вонреден инспекциски надзор констатирале дека концесионерот не врши целосна физичка заштита на рибите во Охридското езеро, не водел точна евиденција на уловената риба,а нерегуларности имало и во делот на пријавувањето на вработените и постапките за вработувања.

Ова следи по низата обвинувања од страна на рибарите кои тврдеа  дека концесионерот работи на црно и дека добиваат пари на рака без договори за работа. Тие велат дека во во време на забрана за риболов секојденевно се лови риба и истата се продаваа по рестораните долж езерото.

Oд министерството за земјоделство најавија дека ќе биде објавен јавен повик за доделување на нова концесија, а во меѓувреме ќе се формира координативно тело со цел да се заштити езерото и рибниот фонд.