Бизнис
1. September 2016 - 20:11

Охридското Езеро порибено со 2 милиони и 200 единки охридска пастрмка

Охридското езеро порибено со 2милиони и 200 единки подмладок на охридска патрмка .Согласно законот за рибарство и аквакултура државата посветува особено внимание кон зачувување на пастрмката, оваа година за таа намена се извоени 10 милиони денари.За жал проблемот со неконтролираниот излов на млади риби од албанскиот дел останува, таму сеуште нема закон за рибарство и концесионер кој ќе се грижи за заштитата на рибниот фонд.

Досега охридското езеро е порибено со милион 625 илјади единки охридска пастрмка со должина од 7 сантиметри и тежина од околу 3 грама.

Инаку процесот за порибување на охридското езеро со подмладок на охридска пастрмка е започнат на 22 август и се врши секојдневно во континуитет .