Македонија
26. September 2021 - 16:27

Охридското Езеро на 7 сантиметри до критичната точка

Загрижувачка состојбата со нивото на Охридското Езеро. Водостојот е на само 7 сантиметри до минималната дозволена кота од  693,10 метри постојаните осцилации негативно влијаат на флората и фауната а загрозен е и рибниот фонд. Со голо око на некои места можат да се забележат мали островчиња, екологистите велат дека Охрид е на прагот да доживее еколошка катастрофа а дополнителен проблем претставуваат и градбите на самиот брег кои ја влошуваат состојбата бидејќи го спречуваат процесот на самопрочистување на езерото.

Екологистите бараат езерото да не се дава на приватници под концесија туку со него да управуваат општините.

Добрите познавачи велат дека причина за континуираното намалување на нивото на езерото е сушниот период, а повторно покачување на водостојот се очекува по најавите за врнежи од дожд.