Македонија
14. October 2021 - 11:47

Охридско Езеро осум сантиметри над дозволениот минимум

Нивоата на реките во земјава бележат извесно покачување, но повеќето се уште се под просекот за октомври.

Зголемувања над октомврискиот просек се измерени на Вардар кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила, Црна Река кај Новаци и Струмица кај Сушево.

Според денешните хидролошки мерења, Охридско Езеро е осум сантиметри над дозволениот минимум, а Преспанското шест сантиметри под апсолутниот минимум.