Охридските сместувачки капацитети речиси распродадени за Велигденските празници
Охридските туристички работници очекуваат одлична посетеност на градот за престојниот продолжен викенд и Велигденските празници. Информациите од сопствениците на сместувачките капацитети на Охридската ривиера покажуваат дека постои голем интерес на туристите празниците да ги минат токму во Охрид.
Поголемите сместувачки капацитети и хотелите се речиси целосно закупени, а само кај помал дел има преостанати слободни легла кои се очекува да бидат пополнети со гости што ќе дојдат во приватна режија, односно оние што во последен миг ќе решат за Велигден да бидат во Охрид.
И овојпат најбројни ќе бидат гостите од Бугарија, од Србија, Грција, Албанија, Црна Гора, но има и значаен број туристи од подалечни земји. За исполнетоста ќе придонесат и голем број наши иселеници кои ќе бидат тука за празниците.
Кога станува збор за туристичките агенции во градот, нивните очекувања укажуваат на просечна пополнестот на понудените аранжмани, во најголем дел со домашни гости или туристи од непосредното опкружување.
Кај приватните станоиздавачи не можат да се дадат оценки за бројот туристи што го одбираат сместувањето во апартмани и соби, но по традиција Охрид секогаш бил солидно посетен за Велигденските празници. Првите гости во Охрид пристигнаа уште синоќа, во најголем дел оние кои имаат свои станови во градот и туристичките населби.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје