Македонија
8. February 2023 - 19:53

Охридските пожарникари одат во спасувачка мисија во Турција

Охрид се вклучува во помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес. Црвениот крст и охридските пожарникари се подготвени,8 пожарникари заминуваат во спасувачка мисија во Турција со цел да се помогне во извлекувањето на настраданите.Спасувачкиот тим од Охрид е опремен со две возила и најсовремена опрема наменета за посебна спасувачка мисија.

Општината ќе донира 600 илјади денари за погодените подрачја ,средствата се издвоени од ставката на Советот, во износ од 300 илјади денари за Турција и 300 илјади денари за Сирија а претседателот Донев се надева и на дополнителна помош во консултација со институциите во градот.

Во Охрид формирани се тимови како од Црвениот крст така и од пожарната за вакви видови интервенции, кои можат да одговорат на задачите.