Бизнис
17. November 2017 - 20:32

Охридските бродари бараат изградба на езерска марина

На Охрид му е потребна езерска марина. Каналот Билјанини извори каде се паркираат  скапите јахти, глисери, едрилици и чамци не ги исполнува ниту основните инфраструктурни услови а градското пристаниште е претесно да ги собере сите. Проблемите најзабележителни се во зимскиот период со оглед на зголемениот број на пловните објекти.

Бродарите и сопствениците на пловилата бараат урбанистичко решение на брегот на езерото и  проширување на градското и помалите пристаништа.

Од Капетанија на пристаништата велат дека за брзо време ќе се направи физибилити студија и ќе се отпочне со реализација за изградба на марина.

Интересот за развој на наутичкиот туризам е огромен охридската флота достигна бројка од две илјади пловила она што недостасува е изградба на современа марина.