Македонија
14. October 2017 - 21:05

Охридскиот Центар за јавно здравје со мобилни екипи ќе врши имунизација против сезонски грип

Oхридскиот Центар за јавно здравје со мобилни екипи ќе врши имунизација против сезонски грип. Во домашна посета ќе се вакцинираат граѓаните кои неможат да дојдат во просториите на епидемиолошкото одделение. Годинава обезбедени се 3000 вакцини. Хроничните болни и лицата над 65 години се оние кои најчесто се вакцинираат додека најмал интерeс и понатаму  има кај вработените во јавните служби , здравствените и просветните работници. 

Од понеделник, започнува вакцинирањето на населението од општина Охрид, Дебрца, Струга и Дебар, против сезонски грип со вакцини произведени во Холандија.
 
Од охридскиот центра за јавно здравје најавуваат во иднина поголема едукативна кампања за превенција од сезонски грип со примена на имунизација.