Македонија
6. October 2016 - 19:44

Охридски првооделенци добија флуоресцентни елечиња за поголема безбедност во сообраќајот

Охридските првооделенци во ОУ Братство Единство добија флуоресцентни елечиња за поголема безбедност во сообраќајот.

Со ова стартува акцијата со која вакви елечиња ќе добијат сите ученици од прво оделение во градот.Целта е да се подигне јавната свест и совест кај најмладите за поголема внимателност и безбедност во сообраќајот на учениците како ранлива категорија.

Општинскиот совет за безбедност преку кампањи трибини и проекти ја подигнува безбедносната култура кај пешаците и возачите.

За училиштата се обезбедени 550 елечиња на иницијатива на Лајонс клубот Лихнидос од Охрид а со подршка на СВР Охрид, општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот и секторот за образование .