Македонија
23. May 2019 - 19:26

Охридската локална самоуправа се мобилизира по сериозните закани од УНЕСКО

По препораките на Унеско природното и културното наследство на охридскиот регион да се стави на листата на загрозено светско наследство Охрид од денеска се мобилизира.Градоначалникот Георгиески најнапред започна со отстранување на палмите долж кејот ,најави дека во рок од 30 дена ќе се формира регистар на дивоградби и дека во најскоро време откако ќе се донесе законска основа ќе се воведе мораторум за градење во насока да се спречи понатамошната деградација.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак обвинија декa после триесет години откако Охрид беше ставен на листата на УНЕСКО како заштитено подрачје, ризикува да биде избришан поради бизнис и политичките интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ.додавајќи дека  Во Охрид се гради кај ќе се стигне без план и без легална постапка.

Во однос на Али пашината џамија Георгиески потенцира дека издадено е козерваторско одобрение меѓутоа нема градежна дозвола и дека во деталниот не е предвидено минаре додавајќи дека сепак станува збор за верски објект кој треба да с ерешава на повисоко ниво .

На 43-та Сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО која ќе се одржи во Баку, од 30 јуни до 10 јули оваа година ќе се знае дали Охрид ќе биде ставен на листата на загрозено светско наследст