Македонија
19. November 2020 - 16:37

Охридската болница со уште 5 слободни кревети

Кислород дневно во охридската болница се троши како претходно ја шест месеци.За разлика од почетокот на вирусот сега состојбата е сосема поинаква, околу 40 тина пациенти примаат терапија со кислород а десет од нив имаат тешка клиничка слика. Директорот на охридската болница Балески вели дека состојбата од ден во ден е се покритична 104 пациенти моментално се хоспитализирани но загрижува тоа што постојано расте бројот и  на млади лица а последните кои починаа беа на 35 и 49 годишна возраст.

Целата болница е реорганизирана има слободни само уште 4 до 5 кревети а подготвена за прием е и специјалната болница за кардиоваскуларни болести.

На последниот состанок на кризниот штаб на општина Охрид беше посочено матичните лекари да преземат дел од товарот во лекувањето на пациентите заболени од ковид 19 а полицијата да врши поголеми контроли во однос на носење на заштитни маски и држење на социјалната дистанца.

Инаку вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1255, а активни се 536 лица.