Македонија
11. November 2020 - 20:15

Охридска кардиологија станува ковид центар

Специјалната болница за кардиоваскуларни болести ќе биде нов ковид центар во Охрид. Поради зголемениот број на заболени се ставаат на располагање сместувачките капацитети во одделот за рехабилитација кој е одвоен од останатиот болнички дел и располага со околу 30тина кревети. Со оглед на тоа дека болницата нема централен довод на кислород ќе се обезедуваат кислородни боци, а ќе се примаат пациенти со полесна клиничка слика.

Од болницата каде се згрижуваат најкоплексните случаи со кардиваскуларни заболувања уверуваат дека преадаптацијата нема да се одрази врз лекувањето на пациентите со кардиоваскуларните заболувања .

Во специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања месечно се прегледуваат над 1200 пациенти од Југозападниот регион и има по 150 оперативни кардиолошки интервенции.

Ианку од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 1002 случаи со Ковид 19, починале 36 лица а заклучно со синоќешната статистика активни се 410 случаи.