Македонија
7. May 2017 - 16:29

Охрид забрзано се уредува во пресрет на летната туристичка сезона

Охрид забрзано се уредува во пресрет на летната туристичка сезона.

Се градат пешачко рекреативни зони,се асфалтираат улици се реконструираат тротоари се поставија подземни контејнери а наскоро градот ќе добие и јавни тоалети.

Еден од најгорливите проблеми за кои туристичките водичи постојано потенцираа дека е невозможно  да се реализираат неколкучасовните тури.

Граѓаните задоволни од она што го нуди градот но велат дека неопходно е да има јавни тоалети .

Пешачко рекреативните  патеки од каналот Студенчишта до Парк и кон Лабино кои им нуди релаксација на посетителите се готови а забрзано се работи на патеката кај Биљанини извори.

Инаку главниот туристички центар е подготвен да ги дочека многубројните гости кои се очекува ова лето да одмараат на брегот на езерото.