-->
-->
Охрид вторпат домаќин на Кубанскиот танцов фестивал
-->
Во организација на Танцовиот клуб „Сонриса“, од денеска до 7 август во Охрид ќе се одржи 2. Меѓународен кубански танцов фестивал „Хола Охрид“.
Фестивалот предвидува работилници и танцови забави водени од 15 артисти - дванаесет инструктори од Куба и од регионот, Србија, Црна Гора, Грција, Унгарија и Полска, како и тројца познати латино ди-џеи, а официјално ќе го посетат преку 250 гости од Македонија и странство, од кои голем дел од европските земји.
Во рамки на дневната програма, покрај едукативните работилници од танцов карактер, ќе има и екстра активности меѓу кои и организирана тура низ Охрид. Вечерната програма ќе се состои од забави од отворен карактер, достапни и за сите оние кои нема да бидат дел од семинарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата