Македонија
27. November 2020 - 8:42

Охрид воведува тимови со здравствени експерти за помош на лица со попреченост и заболени од Ковид-19

Во Охрид денеска ќе биде презентирана Пилот-програмата за воведување на мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, соодветно обучени и опремени со иновативни мобилни комплети, со цел да можат да испорачаат голем дел од нивните услуги во домовите на лица со попреченост и/или намалена мобилност, со посебен акцент на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на Ковид-19.

Промоцијата е во рамки на проектните активности од проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а на настанот што ќе се одржи пред просториите на Црвен крст-Охрид е најавено и присуството на охридскиот градоначалник Константин Георгиески.