Македонија
26. May 2019 - 16:31

Охрид треба да работи на гастрономската туристичка понуда

Преку подигнување на нивото на гастрономската понуда и угостителските услуги до поголема промоција на туризмот во Охрид.Постојаното едуцирање и нудење на квалитетни и уникни јадења е она што ги привлекува гостите во рестораните смета познатиот светски готвач Џорџо Дијана.Тој  годинава придружуван од италјанскиот угостителски експерт Андреа Бијаџини на охридските студенти и претставници од угостителските објекти им пренесе дел од своето знаење .

Угостителството претставува исклучително важен дел од еден комплетен туристички производ и токму затоа треба постојано да се преземаат мерки за осовремеување на понудата и зголемување на нејзиниот квалитет.

Охрид има голем број на угостителски објекти, но најголемиот дел од нив на гостите им сервираат стандардни видови на готвена храна. Според туристичките експерти, потребно е значително освежување на охридските менија во согласност со светските трендови, кои наметнуваат една нова димензија во кулинарството.