Македонија
21. јуни 2018 - 16:54

Охрид, Струга и Подградец се обврзаа за поголема грижа за Охридското езеро

Грижата за заштита на езерото од македонска и албанска страна е клучна за развојот на туризмот во Охрид Струга и Поградец . Прекумерната урбанизација и загадувањето на езерските води  на целиот крајбрежен регион можат да ја загрозат неговата препознатливост.

Општина Охрид најави  ревизија на сите урбанистички планови во градот со која ќе се утврди колку е исправно тоа што секојдневно се гради,за таа цел покрај службите од секторот за урбанизам формирана е и нова комисија.

Струшкиот градоначалник Мерко смета дека со туристичките понуди и времените концесии се подобрува и заштитува брегот.

Поградец пак преку урбанистички и стратешки план ќе утврдува каде треба да има  градби кои им се е нудат на туристите а кои ќе бидат срушени.

Инаку активистите на еколошките здруженија  по повод денот на езерото 21 јуни денеска до пратениците во собранието повторно испратија писмо во кое се бара примена на мораториумот за инфраструктурни проекти на крајбрежјето .