Македонија
17. July 2016 - 16:26

Охрид станува атрактивна дестинација за британските туристи

Македонија е новата топ дестинација за туристите од Британија. Едријан Бриџ, еден од уредниците за туризам  на престижниот весник , „Daily Telegrap и неговата сопруга кои неодамна со група британски новинари беа во посета на охридско –струшкиот регион велат дека богатата туристичка понуда, гостопримството и фактот што нашата земја сеуште го поседува шармот на минатиот век ја прави привлечна за посетителите .

-Мислам дека навистина пријатно ќе се изненадат кога ќе видат каква голема туристичка понуда има тука, пејзажи, езера, храна,

-Навистина е шармантно, не е толку модерно, не е бучно, што е карактеристика за 21 век. Го има оној шарм на минатиот век, времето на моите родители, баби и дедовци“

Алан Јангмен Соние еден од основачите на London Media Direct кој по втор пат е тука вели дека е воодушевен од брзиот туристички развој .

-Нашата намера е да ја донесеме вистинската целна група туристи, патници и професионалци од Британија и други региони од Европа и да им ја покажеме можеби најдобро чуваната тајна наречена Македонија“

Британските новинари имаа можност да уживаат и во посетата на Вевчанскиот регион, да се запознаат со природните и културно историските богатства ,надалеку познатите Вевчански извори и традиционалните специјалитети .