Македонија
16. November 2019 - 16:42

Охрид СОС: Марина во Студенчишко блато е нова еколошка катастрофа

На повидок нова еколошка закана за Охридското езеро алармираат активистите од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие се децидни дека марина во Студенчишкото блато не смее да има и се противат на недомана објвениот проект за уредување на овој простор на Охридското езеро оценувајќи го за нестручен и мегаломански.

Блатото е крајбережен простор, а екологистите го сметаат за бели дробови на Охридското Езеро. Талевски вели дека Неконтролираната урбанизација УНЕСКО ја препознава како една од најзагрозувачките активности за Охридскиот Регион, а узурпацијата на подрачјето на Студенчишко Блато ќе биде уште еден еклатантен пример за тоа.

Од министерството за животна средина пак на став дека доколку експертите утврдат дека таа марината би значела деструкција таков прокет нема да се  дозволи.

Од Охрид ЅОЅ најавија ќе испрати официјално протестно писмо до сите надлежни институции во земјава и во странство за опаснста од било какви нестручни инетервенции во блатото .

Идејата за изградба на марина е актуелна изминативе години добрите познавачи велат дека на градот му е повеќе од неопходна но не  во Студенчишко Блато и апелираат да се внимава при изборот на локација за таков инфраструктурен зафат за да се  избегне загадување на Охридското езеро.