Македонија
21. јуни 2021 - 12:35

Охрид со засилени сообраќајни контроли за време на летната сезона

Патниот правец Охрид –Кичево и патот кон туристичките места Пештани и Свети Наум остануваат најкритични точки во сообраќајот.Од СВР Охрид најавија засилени контроли пред се кон плажите, бидејќи очекувано, во таа насока ќе има поголема фрекфенција на сообраќај во текот на летниот период.Споредбено со изминатата година забележан е пораст на сообраќајните несреќи . Регистрирани се 115 и тоа половината од нив во населените места додека минатата година, во истиот период имало 109 незгоди.

Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво а голем е проблемот и со пешаците кои најчесто преминуваат на необележан пешачки премин.

Од охридската полиција најавуваат превентивни кампањи и контроли и напоменуваат дека целта не е да се казнува, туку да се подигне свеста кај сите учесници во сообраќајот.