Охрид се поклонува пред светите Кирил и Методиј
Со низа свечености и манифестации Охрид денеска го одбележува 24 мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.
Активностите почнаа со панихида за светите Кирил и Методиј во Домот на културата во населбата Кошишта, а делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Јован Стојаноски положи цвеќе пред споменикот на светителите во Градскиот парк.
Предвидено е во рамки на чествувањата да им бидат доделени награди и признанија на најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта.
Активностите по повод празникот ќе бидат заокружени со концерт на млади пијанисти што ќе се одржи во катедралната црква Света Софија. Пред почетокот на концертот за делата на Кирил и Методиј ќе беседат професорот Димитар Пандев и актерот Симон Јаковлев.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците