Македонија
16. January 2019 - 16:30

Охрид се подготвува за одбележување на најмасовната манифестација во градот Богојавление-Водици

Привршуваат подготовките за најмасовната црковно – народна манифестација „Богојавление – Водици во Охрид. Градот најавува дека празникот оваа година ќе биде одбележан достоинствено во духот на христијанската традиција без дополнителни пропратни забавни манифестации. Јавните претпријатија го исчистија снегот околу градското пристаниште, кејот и чаршијата а нуркачите дното на езерото каде ќе се спушта Чесниот крст.

Прославата ќе започне со богослужба во сите парохиски цркви а во 09 часот и 45 минути ќе тргнат литиите кон градското пристаниште каде што ќе се положи чесниот крст во водите на Охридското езеро.

Инаку, прославувањето на Водици во Охрид продолжува и на 20 јануари, со Денот на рибарите, односно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител.