Бизнис
10. February 2019 - 16:34

Охрид преку саеми и нови понуди ќе привлекува повеќе туристи

Преку туристичка промоција до повеќе туристи. Настапот и учеството на саемите ширум светот  според експертите е од огромно значење за конектирање на бизнис секторот и проширување на туристичкиот пазар.

Во Охрид постојано расте бројот на странските туристи а   радува и фактот што во  последните години на охридската ривиера се враќаат и домашните посетители.

Според добрите познавачи потребно е зголемување на содржините со кои ќе се задржи вниманието во текот на целата година.

На почетокот од годинава општина Охрид ги промовира туристичките можности на саемот во Утрехт, Холандија, потоа во Истанбул а на крајот на месец февруари ќе настапи и на саемот во Белград.

Инаку според најавите на туристичките работници и оваа сезона најбројни на охридскаото крајбрежје се очекува да бидат гостите од Турција, Холандија и Полска.