Македонија
2. January 2017 - 17:10

Охрид празнично полн со туристи

Огромен број на туристи за Новогодишните празници одмараат на охридската ривиера. Примамливите пакет аранжмани со прифатливи цени кои ги нудат хотелиерите и угостителите привлекоа посетители од нашето соседство но и од подалечните земји. Покрај забавата гостите сончевото време го искористија и за прошетки на културно историските знаменитости ,црквите и центарот на градот.

Трендот за дочекот  на Новата година во Охрид е голем. Најбарани се аранжманите од три до пет дена а цената зависи од категоријата и како и времетраењето на престојот.

Туристичките работници велат дека голем број на туристи се очекуваат и за Божиќ ,православна Нова година и Богојавление Водици.